ФОТО: На дистанца без маски, Филипче се сретна со грчкиот министер за здравство

 Breaking News

ФОТО: На дистанца без маски, Филипче се сретна со грчкиот министер за здравство

ФОТО: На дистанца без маски, Филипче се сретна со грчкиот министер за здравство
May 15
19:49 2020

Доц. д-р Венко Филипче, Министерот за здравство, денеска во Атина оствари средба со министерот за здравство на Република Грција, Василис Кикилиас на која разменија искуства за пристапот во лекување и превенција од ширење на коронавирусот, како и предизвиците со кои се соочуваат двете земји за време на пандемијата.

Повод за средбата на двајцата министри беше најавата за отворање на границите во Европа и регионот за што е потребно да се подготват усогласени протоколи за патување во регионот.

Овие протоколи треба да го олеснат и забрзаат транзитот на патници.

Министерот Филипче по средбата истакна дека разговорот поминал во исклучително позитивна атмосфера каде и двајцата се согласиле дека е потребно да се обезбеди брз проток на границите кои се исклучително оптоварени во текот на летото и да се обезбеди лесен пристап до здравствени услуги на граѓаните доколку евентуално се случи да бидат заболени од коронавирусот во текот на престојот во Грција и Северна Македонија.

Во текот на следната недела двете земји ќе ги подготват предлог протоколите кои потоа ќе бидат усогласени и потпишани.

Исто така, овие протоколи ќе бидат разговарани и со другите соседни земји со цел унифициран пристап и услуги во регионот кој значително ќе им го олесни движењето на граѓаните.

Филипче на својата фејсбук страница напиша: Во Атина остварив средба со грчкиот министер за здравство Василис Кикилиас, на која разменивме искуства за пристапот во лекување и превенција од ширење на коронавирусот, како и предизвиците со кои се соочуваме за време на пандемијата.

Двајцата се согласивме дека е потребно да се обезбеди брз проток на границите кои се исклучително оптоварени во текот на летото и да се обезбеди лесен пристап до здравствени услуги на граѓаните доколку евентуално се случи да бидат заболени од коронавирусот во текот на престојот во Грција и Северна Македонија.

Повод за оваа средба беше најавата за отворање на границите во Европа и регионот за што е потребно да се подготват усогласени протоколи за патување во регионот.

Овие протоколи треба да го олеснат и забрзаат транзитот на патници. Во текот на следната недела Република Северна Македонија и Република Грција ќе ги подготват предлог протоколите кои потоа ќе бидат усогласени и потпишани. – Филипче објави и фотографија од средбата:

Related Articles