Фото на денот: Премиерот Заев се попиша и веднаш се огласи со детали

 Breaking News

Фото на денот: Премиерот Заев се попиша и веднаш се огласи со детали

Фото на денот: Премиерот Заев се попиша и веднаш се огласи со детали
September 26
19:47 2021

Остануваат уште 4 дена до крајот на најважната и најсложена статистичка операција – Попис на населението, домаќинствата и становите, којашто ја спроведува Државниот завод за статистика.

Заедно со семејството во нашиот дом во Струмица, ја исполнивме граѓанската должност и законска обврска и ја спроведовме постапката за попишување.

По 20 години, конечно Северна Македонија ќе добие релевантни и актуелни податоци кои понатаму ќе бидат основа за креирање на реални политики кои во целост одговараат на потребите на граѓаните.

Уште еднаш апелирам да ги пречекате попишувачите и низ едноставна постапка и за многу кратко време секој граѓанин да го даде својот придонес, а со тоа да имаме успешен #Попис2021 како гаранција за сигурна и предвидлива иднина за сите нас.

Напиша Премиерот Зоран Заев, на својата фејсбук страница, каде објави и фотографии од настанот.

Related Articles