ФОТО: Метеоролозите со нови најави за неделата пред нас, доаѓа нов бран на жештини

 Breaking News

ФОТО: Метеоролозите со нови најави за неделата пред нас, доаѓа нов бран на жештини

ФОТО: Метеоролозите со нови најави за неделата пред нас, доаѓа нов бран на жештини
June 10
14:21 2019

Последните анализи кој ги направивме укажуваат на тоа дека и тоа како да спремате за плажирање во текот на новата недела која што ни претстои.

Од југ кон нашата територија ќе продре уште потопла воздушна маса од оваа што ја имаме во моментов и истата ќе услови понатамошен значителен пораст на температурите на воздухот кој речиси насекаде ќе се искачат над 30 степени додека во централните и во југоисточните предели особено од средината на неделата истите се очекува да се искачат до околу 40 степени, информира метеорологот Славчо Попоски.

Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност во претпладневните часови, во попладневните и вечерните часови пак поради загреаната атмосфера исполнета со енергија ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и услови за локална појава на град.

УВ индексот ќе има екстремно висока вредност и ќе има коефициент од 10 до 11, па поради ова доколку излегувате со себе задолжително да си понесете заштитна опрема односно капа и очила за сонце.

Се препорачува и да се пијат повеќе течности, старите и изнемоштени лица пак без потреба да не излегуваат од своите домови во најтоплиот период од денот поточно од 10 до 17 часот.

Временска прогноза и температорите во државата денеска:

Коментари

Њуз24 се оградува од коментарите на содржините

Related Articles