ФОТО: Како на филм, Шилегов покажа како ќе изгледа новиот забавен парк во Скопје на местото на стариот Луна Парк

 Breaking News

ФОТО: Како на филм, Шилегов покажа како ќе изгледа новиот забавен парк во Скопје на местото на стариот Луна Парк

ФОТО: Како на филм, Шилегов покажа како ќе изгледа новиот забавен парк во Скопје на местото на стариот Луна Парк
October 08
19:05 2021

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов на денешната прес-конференција го претстави проектот за новиот забавен парк во Скопје, чијашто изградба беше одложена со консензуална одлука на Советот на Град Скопје на почетокот на светската пандемија на Ковид 19 вирусот.

Во Април 2020-та, сите советници во Советот на Град Скопје, консензуално донесоа одлука да ја одложат изградбата на Луна Парк и парите на даночните обврзници да бидат пренаменети за некои други кризни, пандемски проекти и трошоци.

Тоа е еден од ретките примери кога советниците во градот успевале да донесат правилна и издржана одлука, необременета со популизам и печалење на политички поени, изјави градоначалникот Шилегов.

Денес, година ипол по оваа одлука и со пандемија на којашто и се наѕира крајот, сметам дека е време да го вратиме забавниот парк на агендата на градот и да започнеме со градба кон крајот на оваа година.

За забавниот парк Градот има обезбедено проект, обезбеден буџет, соодветен план за јавни набавки и обезбедена локација за градба, додаде тој.

Скопје треба да стане регионален туристички центар. Стотици туристи секој викенд со автобуси доаѓаат од соседни држави за да ги посетат нашите детски атракции како Скопската Зоолошка или Дино Паркот.

Дино паркот е единствен во регионот, а зоолошката една од подобрите во него. Со забавниот парк Скопје станува дополнително попривлечен за семејниот туризам, со оглед на тоа што ваков забавен парк нема во радиус од 300 км од Скопје, нагласи Шилегов.

Забавниот парк ќе се наоѓа на истото место како стариот Луна Парк на парцела со иста големина и со ист број на дрвја, зашто проектот е таков да ниедно не треба да се пресече.

Предвидени се 27 реквизити, односно содржини, за три различни возрасти на деца. Детски дел, семеен и екстремен.

Адреналинските содржини од екстремниот дел за најголемите деца ќе можат да бидат користени и од повозрасните.

Како на пример ролеркостерот кој ќе биде најголемиот на Балканот, а ќе можат да го користат и возрасните, продолжува Шилегов.

Паркот ќе може да прими до 3000 посетители секој ден, или преку милион посетители годишно. Ќе биде изграден според сите стандарди за квалитет и безбедност.

Покрај реквизитите, предвидени се и ресторани, сувенирници, тоалети, други продавници и придружни содржини за што попријатен престој на посетителите, додаде Шилегов.

– Би сакал да нагласам дека идејното решение е од Франко Бараѕони кој има проектирано преку 50 светски забавни паркови во светот, потенцираше Шилегов.

Во однос на рокот за изведба градоначалникот Шилегов најави дека тендерот се распишува после изборите, а паркот треба да биде готов летото 2023 година, односно за 18 месеци.

-Креираме нови работни места, ја помагаме локалната економија. Проектот е целосно самоодржлив, за реализација на овој проект се бара изведувач кој ќе го финансира и нема да има буџетски импликации на град Скопје.

Се очекува паркот да се исплати сам за три години, а потоа градот ќе заработува и ќе вложува во нови проекти. Создаваме одржлива градска организација, нагласи Шилегов

Скопјани добиваат најдобар парк во регионот за нула денари, Скопјани го добиваат најдоброто.

Скопје е град за сите. Инвестираме и во благосостојбата на возрасните, и во онаа на младите, а сега ви ги претставувам нашите инвестиции за нашите најмили – децата.

Јас не ветувам брзи и лесни проекти, туку стратешки проекти кои го решаваат Скопје за следните 50 години, порача градоначалникот Шилегов на крајот од денешната прес-конференција.

Related Articles