ФОТО: Како на филм, Талат Џафери со панцир во Украина, специјалци на сите страни му го чуваат грбот додека дава изјава за новинарите

 Breaking News

ФОТО: Како на филм, Талат Џафери со панцир во Украина, специјалци на сите страни му го чуваат грбот додека дава изјава за новинарите

ФОТО: Како на филм, Талат Џафери со панцир во Украина, специјалци на сите страни му го чуваат грбот додека дава изјава за новинарите
April 27
19:00 2022

Талат Џафери во посета на Украина: Лично ќе се залагам институциите и граѓаните на Северна Македонија да ја пружат сета можна поддршка која што ќе стои на располагање заедно со нашите партнери од Европската унија и меѓународната заедница, изјави претседателот на Собранието Талат Џафери кој денеска престојува во Украина.

Џафери ги посетил градот Ирипин и пистата на Хостомел кои се раз урнати од вое ните дејствија.

Како што соопштија од прес-службата на Собранието, Џафери во Украина допатувал со воз преку Полска во раните утрински часови, и тоа на покана на претседателот на Собранието на Украина, Руслан Стефанчук.

Џафери напомена дека лично ќе се залага сликите во Украина да го добијат правото име што им следува, а тоа е, како што вели, ге оци д и ништо друго.

Истовремено, во посета на Украина денеска се и претседателите на парламентите на Романија и Швајцарската Конфедерација.

Особено ми е задоволство и ја прифатив поканата и лично да ги посетам Буча и Ирпин за лично да ги согледаме последиците од она што е инвазија на Руската федерација врз Украина.

Секако, моето присуство е симбол на лична, институционална и поддршка на граѓаните на Северна Македонија за народот на Украина и институциите на Украина.

На нас од Западен Балкан ни се свежи сеќавањата од ваквите слики што ги гледавме не подолго од две децении претходно, свеж ни е Речак во Косово, свежа ни е Сppе бреница во Босна и Херцеговина и секако мислам дека ние најдобро ве разбираме и знаеме што значат овие слики што ги гледаме овде, изјави Џафери.

Оваа посета на претседателот Џафери е прва од овој вид на висок претставник од регионот и прва посета од сите нивоа на власт во Република Северна Македонија.

Во рамки на посетата Џафери ќе има и обраќање на Конгресот на локалните и регионални совети под претседателство на претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

Related Articles