ФОТО: Еве кој и како им помогнал на украинците да го погодат рускиот брод Москва, брод на руската Црноморска флота

 Breaking News

ФОТО: Еве кој и како им помогнал на украинците да го погодат рускиот брод Москва, брод на руската Црноморска флота

ФОТО: Еве кој и како им помогнал на украинците да го погодат рускиот брод Москва, брод на руската Црноморска флота
May 06
08:19 2022

Како што јавуваат медиумите, aмеpиканските pазузнавачи и помогналe на Украина да го потопи рускиот крстосувач Москва, изјавија американски претставници за американската телевизија NBC News, пренесе Слободенпечат.

Москва“ со 510 членови на екипажот беше команден брод на руската Црноморска флота.

Потона на 14 април откако беше погоден од две украински противбродски ракети Нептун, соопштија американските власти.

Русија соопшти дека бродот потонал по пожар предизвикан од експлозија на проектилите кои ги биле сместени во бродскиот магацин .

Москва“ беше најголемиот руски воен брод потонат во битки од Втората светска војна.

Американските власти велат дека има значителни руски жpp т ви, но не знаат колку.

Нападот се случи откако украинските сили побараа информации од САД за брод што плови по Црното Море јужно од Одеса, изјавија американски претставници за NBC News.

Соединетите Држави го идентификувале бродот како „Москва“ и помогнале да се потврди неговата локација, по што Украинците го гаѓале бродот, изјавија официјални лица.

Соединетите Американски Држави не знаеле однапред дека Украина ќе ја таргетира „Москва“, велат официјални лица, и не биле вклучени во одлуката за напад.

Поморските разузнавачки информации се споделуваат со Украина за да и помогнат да се одбрани од напади на руски бродови, додадоа официјални лица.

Улогата на САД во потонувањето на „Москва„ досега не беше споменувана .

Американските власти изразија загриженост дека известувањето за размена на американски разузнавачки информации со Украина може да го налути Владимир Путин и да предизвика непредвидлив одговор.

Белата куќа засега не го коментираше извештајот на NBC за наводната вмешаност на американското разузнавање во потопувањето на рускиот крстосувач „Москва“. ИзворСлободенпечат.

Related Articles