ФОТО: Еве како изгледа автомобилот кој треба да се произведува во Македонија и ќе е електричен

 Breaking News

ФОТО: Еве како изгледа автомобилот кој треба да се произведува во Македонија и ќе е електричен

ФОТО: Еве како изгледа автомобилот кој треба да се произведува во Македонија и ќе е електричен
August 13
09:19 2022

Владата, преку видеоконференциска комуникација ја одржа редовната 68 седница, на која беше донесена Одлука за давање согласност на Договорот за доделување на државна помош склучен помеѓу Владата на Република Северна Македонија,

застапувана и претставувана од Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони и „НЕКСТ.Е.ГО МОБИЛЕ“.

Мултимилионска инвестиција од НЕКСТ.Е.ГО МОБИЛЕ СЕ, Ахен, Германија во ТИРЗ Тетово ќе отвори 3-4.000 нови работни места, пренесува Слободенпечат.

Ова е за првпат во автомобилската индустрија кај нас да се продуцира целосен автомобил и се разбира за првпат ќе се произведуваат електрични автомобили.

Придобивките од оваа инвестиција, како што се наведува, се многукратни – од отворање на нови работни места, извоз на производи со голема додадена вредност,

пренос на знаење и технологии, мапирање на земјава кај странските инвеститори во оваа фела, до договори и дополнителна работа за локални компании.

Related Articles