ФОТО: Еве како вечерва се чисти снег во Кавадарци

 Breaking News

ФОТО: Еве како вечерва се чисти снег во Кавадарци

ФОТО: Еве како вечерва се чисти снег во Кавадарци
January 10
21:24 2022

Зимската служба на општина Кавадарци во моментот е на терен со три возила, од кои едното е во градското подрачје и првично интервенира на покритичните улици (угорници), а подоцна и на сите други.

Возило е упатено на регионалниот пат Михајлово и кон селата во Бошавијата, и истите вршат чистење на снежната покривка и посолување со ризла и сол. – напиша на својата страница градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, каде објави и фотографии:

На терен во моментот се и екипи од ЈП Комуналец кои работат на чистење на патот до изворот Лукар, за навремено снабдување со вода на граѓаните на општина Кавадарци.

Related Articles