ФОТО: Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов на Панел дискусија, таму е и Славјанка министерката

 Breaking News

ФОТО: Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов на Панел дискусија, таму е и Славјанка министерката

ФОТО: Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов на Панел дискусија, таму е и Славјанка министерката
June 11
11:40 2022

Доректорот на ЦУК Стојанче Ангелов на Панел дискусија „Предизвиците и современите трендови во планинското спасување во Европа“ во Охрид Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК),

Стојанче Ангелов, учествуваше во работата на Панел дискусијата „Предизвиците и современите трендови во планинското спасување во Европа“,

вчера во Охрид, оргнизирана од Планинската спасителна служба на Црвениот крст Охрид во рамки на нивната континуирана меѓународна проектна активност за развој на планинското спасување во нивната средина, во корелаија со капацитетите и структурите во државата.

Високи претставници на институции, на централно и локално ниво и експерти од земјава и странство, поврзани со областа „Спасување“,зедоа учество на панел дискусијата.

Согласно комплементарноста на темата на панел дискусијта беа презентирани и современите европски достигнувања на полето на алтернативниот туризам во насока на решавање на проблемот од недостиг на ефикасен систем за планинско спасување во РС Македонија и соседна Албанија.

На панелот свое обраќање имаше директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, министерката за одбрана,

Славјанка Петровска и високи претставници на институции на централно и локално ниво и експерти поврзани со областа спасување во планина во различни временски услови во сите годишни времиња.

Ангелов во своето обраќање, во препознатливиот начин на поврзување на теоријата со практиката, посочи дека трансформцијата на општествените сили мора да се реализира системски на нови основи што во пракса ќе даваат резултат со поголема ефикасност на искористување на ресурсите на располагање,

со поврзување на невладините организации и доброволните друштва во државата,

а при креацијата на новиот систем за брза реакција за спасување потребно е да се имплементираат најдобрите и најсовремените искуства од земјава и странство.

Министерката Петровска, меѓу другото, посочи дека во сферата на спасувањето, планинското спасување е тимска работа и дека се заснова, преку симболиката „на силна доверба на едниот и на другиот крај од јажето, а дека при грдењето на системски решенија за спасување сите сме на исто јаже“.

Интересно беше да се слушне излагањето на раководителот на ХГСС – Хрватската горска служба за спасување (HGSS – Hrvatska Gorska Služba Spašavanja) Јосип Граниќ, кој го презентира хрватскиот модел за организација на Службата, една од најдобро организираните служби во Европа, како и важноста од строгото придржување кон препораките на ИЦАР – Интернационалната комисија за алпско спасување (на ICAR – International Commission for Alpine Rescue) со цел ефикасно делување на службата за спасување.

Инаку, да потсетиме дека во корелација со определбата за анимирање, надоградба и координција на сите расположиви сили и капацитети во државата за управување и справување со кризи, Стојанче Ангелов,,

како директор на Центарот за управување со кризи во континуитет остварува средби со Антонио Додевски, раководител на Планинската Спасителна Служба при Црвен крст Охрид, при што секогаш е правецот на соработката на ЦУК со невладиниот сектор во поглед на превенцијата,

раното предупредување, справувањето со кризни ситуации и соработката во опоравување после кризи во нашата држава како дел од Системот за управување со кризи во државата (СУК).

Во тој поглед, се елаборира и за можностите за решавање на проблемот со планинското спасување и на регионално и на државно ниво.

Во таа насока, беа разгледувани волонтерски модели за нивна можната примена со конкретни специфични адаптации, што гарантира ефикасна и брза реакција во случај на нес реќи и истовремено, според спасителите, би биле најекономичен модел за организирање на државната Планинска Спасителна Служба.

Средбите со претставници на спасителни служби од државата е континуитет на многуте средби што ги остварува ЦУК со претставници од невладиниот сектор коишто како ресурси се во корелација со субјектите за управување,

а и за справување со одредени специфични ситуации за спасување луѓе и материјални добра при инцидентни природни катастрофи или несреќи во државата.

Инаку, Центарот за спасување на планина на Црвен крст во Охрид, со опремата, капацитет и стручниот кадар, досега значително има придонесено за подобрување на ефикасноста на Службата за спасување на планина и го има подигна нивото на безбедност на планинарите во нашиот регион.

Со таквата поставеност и активност се оди и во правец за се обезбеди безбеден зимски авантуристички туризам со потребната одржливост.

Настанот е дел од проектот “Нови можности за безбеден зимски авантуристички туризам”,

финансиран од ЕУ, ИПА Програмата за прекугранична соработка со Република Албанија и Министерството за Локална самоуправа на РСМ.

Домаќини на истиот беа Планинската Спасителна Служба при Црвен крст – Охрид, Алпинистички клуб “Патагонија”

Related Articles