ФОТО: Дали ќе победи – Македонец е кандидат за претседател на Уругвај

 Breaking News

ФОТО: Дали ќе победи – Македонец е кандидат за претседател на Уругвај

ФОТО: Дали ќе победи – Македонец е кандидат за претседател на Уругвај
October 27
17:16 2019

На денешните избори во Уругвај имаме и наш, македонски кандидат за претседател на државата. Станува збор за Ернесто Талви, еден од најсериозните кандидати, кој секаде гордо истакнува дека татко му е Македонец од Скопје.

BBC пишува за него дека е економист кој завршил во Чикаго, син на имигранти од Македонија и Куба. Tаткото, роден скопјанец, се викал Мануел Талви и има еврејско потекло.

Кандидиран е од една од најстарите и најуспешни партии во Уругвај, партијата Колорадо. Засега е трет и веројатно нема да влезе во вториот изборен круг.

Денеска во Уругвај се одржуваат претседателски избори. Во претседателската трка, кандидатите исто така мора да добијат најмалку 50% од гласовите за да избегнат втор круг на изборите на 24 ноември. На изборите ќе бидат решени и сите места во Претставничкиот дом и во Сенатот.

Коментари

Њуз24 се оградува од коментарите на содржините

Related Articles