ФОТО: Грми Прилеп вечерва, погледнете колку народ има митингот на ВМРО-ДПМНЕ

 Breaking News

ФОТО: Грми Прилеп вечерва, погледнете колку народ има митингот на ВМРО-ДПМНЕ

ФОТО: Грми Прилеп вечерва, погледнете колку народ има митингот на ВМРО-ДПМНЕ
October 11
20:25 2021

Почитувани сограѓани, од срце ви благодарам за вашето присуство во огромен број и покрај врнежливото време.

На вечерниов собир докажавте што значи желбата за промени, желбата за подобар Прилеп.

Заедно, со вашата поддршка, на 17-ти октомври во Прилеп ќе се означи почетокот на една нова ера, која ќе значи успешни проекти за подобро утре на сите Прилепчани.

Создаваме нова иднина! Промени! Проекти! Победи! Гласајте за број 7! За подобар Прилеп! – Напиша Борче Јовчески на својата фејсбук страница.

Ние сите заедно можеме да ја промениме тешката реалност. Постојат луѓе кои, иако не го кажуваат гласно своето мислење, имаат свои ставови појасни од сите други.

Тие не викаат, не се гласни, но нивната сила е најголема. Тоа е гласот на тивкото мнозинство кое овој пат одлучува.

На тие луѓе им е смачено од политика, од ветувања кои не се исполнуваат, од чекање кое никогаш не завршува, тие се силата, промените.

Твојот глас одлучува. Излези и гласај за себе и своите најблиски. Вие сте силата на оваа држава и во вас е клучот за новата иднина.

Иднина што ќе донесе промени, вие сте силата на промените, промени во сите сфери, исполнети со реформи и развој.

Прилеп ќе го поддржи д-р Борче Јовчески, затоа што прилепчани знаат дека само така може да создадеме нова иднина за сите нас. #СоздадиНоваИднина – Напиша Мицкоски на фејсбук.

Related Articles