ФОТО: Го фатија коњот од терасата во Скопје, го врзаа со јаже и го однесоа во 300 Скопје, каде ќе биде соодветно згрижен

May 22
23:32
2022
Вечерва во Скопје се случи многу необичен и несекојдневен настан во скопската населба Дебар Маало.

Непознато лице оставило коњ во објект во текот на целиот ден.

Станари кои живеат во околината на објектот го забележале животното и настанот го пријавиле во МВР, по што на терен излегол и инспектор од АХВ, јавува Инфомакс.

Експресна реакција имаше и директорот на скопската Зоолошка градина, Кристијан Стаменов, пренесува Инфомакс.

кој соопшти дека животното ќе биде соодветно згрижено од ЗОО Скопје и ќе му биде пружен хуман третман, пишува Инфомакс.