ФОТО: Аца Лукас не штеди пари за одморот со новата девојка, потрошил 15.000 евра за 5 денa

 Breaking News

ФОТО: Аца Лукас не штеди пари за одморот со новата девојка, потрошил 15.000 евра за 5 денa

ФОТО: Аца Лукас не штеди пари за одморот со новата девојка, потрошил 15.000 евра за 5 денa
August 23
11:47 2019

Аца Лукас и неговата избраничка Јована Дорошки отпатувале на краток одмор на пет дена, за кој издвоиле неверојатни 15.000 евра, открива Курир.рс

Еден од најпопуларните пејачи на овие простори е пренатрупан со обврски и скоро и не стигнува да здивне и одмор од настапи, но по секоја цена сакал да помине барем неколку дена со својата нова девојка, со која е во врска од ова лето.

Го одбрал едно од најлуксузните летувалишта, италијанскиот остров Капри, каде цената на аранжман во хотел на море за двајца е 2.500 евра.

Освен аранжманот од 7 ипол илјади евра, барал на располагање да има јахта и некои луксузни барања.

Како што пишува Курир.рс морал да плати и две авионски карти, затоа што не стигнале на редовниот лет кој бил организиран од агенцијата. Тоа ги чинело над илјада евра. Вкупно собрано се на се со излегувањата и храната, луксузното патување на Капри за само пет дена ААца Лукас го чинело 15.000 евра.

Коментари

Њуз24 се оградува од коментарите на содржините

Related Articles