ФОТО: Апел, се трага по 2 девојчиња изгубени во Скопје, дојдени на екскурзија од Струмица

May 08
19:41
2023
На социјалните мрежи се шири апел за помош во пронаоѓањето на две малолетни девојчиња, кои последно биле видени денеска во 15:50 кај трговскиот центар „Веро Џамбо“ во Центар.
Се работи за девојчиња со иницијали А.Ј (12). и Р.И (14).
Денеска (08.05.2023) околу 16 часот во СВР Скопје е пријавено дека на територија на Центар се изгубиле две малолетнички од струмичко кои биле дојдени на училишна екскурзија во Скопје.
Според пријавата на нивната професорка Е.А., последен пат ги видела пред ТЦ Веро Џамбо.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на малолетничките“, соопштија од МВР за Макфакс.