Финско МНР: Случајот Pekeт ви е тест за државата, докажете на дело дека има владеење на правото

 Breaking News

Финско МНР: Случајот Pekeт ви е тест за државата, докажете на дело дека има владеење на правото

Финско МНР: Случајот Pekeт ви е тест за државата, докажете на дело дека има владеење на правото
August 17
17:07 2019

Финска како актуелен претседавач со ЕУ дава поддршка за почеток на пристапните преговори со Северна Македонија и очекуваме тоа да се случи во октомври, изјави денеска финската министерка за надворешни работи Тути Тупураинен на заедничката прес-конференција во Хелсинки со вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи.

Оптимисти сме дека ако биде исполнета агендата, во октомври ќе биде донесена одлука за старт на преговорите. Сметаме дека нема причина за натамошно одложување – рече Тупураинен.

Прашана дали актуелниот случај Pekeт може да влијае на одлуката, таа одговори дека не би требало, но оти постапувањето по него е тест за државата.

Овој случај е тест за правната држава и владеењето на правото во Северна Македонија. Последниот извештај на ЕК покажа дека има прогрес во оваа област и тоа сега треба да се покаже на дело. Очекуваме објективна истрага и никој да не биде ставен над законот – порача Тупараинен. Целиот текст прочитајте го ТУКА.

Коментари

Њуз24 се оградува од коментарите на содржините

Related Articles