Филмски фото: Заев и Филипче на митинг на Сириза во Атина, аплауз од сите страни, го најави Ципрас

 Breaking News

Филмски фото: Заев и Филипче на митинг на Сириза во Атина, аплауз од сите страни, го најави Ципрас

Филмски фото: Заев и Филипче на митинг на Сириза во Атина, аплауз од сите страни, го најави Ципрас
April 14
20:31 2022

BO овие денови на во јна, пораката на Договорот од Преспа е уште поактуелна, како порака за мир и солидарност на народите на континентот, кој поминува низ голгота од ужасите на вој ната, рече лидерот на СИРИЗА ,Алексис Ципрас во неговиот говор на почетокот од партискиот Конгрес, на кој се присутни и поранешниот премиер Зоран Заев и поранешниот министер за здравство Венко Филипче, јави дописничката на МИА од Атина.

Ципрас, меѓу другото се задржа на она што тие го направија како Влада и на оние теми за кои се горди, споменувајќи го и Договорот од Преспа.

Горди сме што верувавме и го реализиравме, по секоја цена историскиот Договор од Преспа.

Што не отстапивме и покрај притисоците и денес знаеме дека го сторивме правилното за земјата. Нашата патриотска должност.

Договор кој ја врати европската перспектива на регионот кој акумулираше опасни тензии, оставајќи простор за засилување на трети сили на нашата северна граница.

А неговата порака, во овие денови на вој на е уште поактуелна, како порака за мир и солидарност на народите на континентот кој помиува низ голгота е од ужасите на во јната, рече Ципрас.

Во продолжение, со оглед на тоа дека беа присутни, ги поздрави и им се заблагодари на Зоран Заев и Никос Коѕијас за постигнуањето на Договорот.

Сакам, бидејќи ми се дава можност, не ми беше во план, но тука се пред мене, сакам да им се заблогодарам и на Зоран Заев и на Никос Коѕијас, што ја водевме битката, што им се спротивставивме на притисоците, што ја направивме нашата патриотска должност, рече лидерот на СИРИЗА.

Делот од говорот посветен на Договорот од Преспа, предизвика големи аплаузи и овации од присутните членови и симпатизери на СИРИЗА.

Поранешниот премиер Заев и поранешниот министер Филипче го следеа обраќањето на лидерот на СИРИЗА со кое беше означен и почетокот на конгресот, кои пред почетокот беа топло пречекани од поранешните министри од Владата на СИРИЗА, меѓу кои и поранешниот шеф на дипломатијата и архитект на Договорот од Преспа, Никос Коѕијас.

Во следните денови, за време на конгресот што ќе трае до недела, според информациите на дописничката на МИА од Атина, поздравен говор ќе им поранешниот македонски премиер Зоран Заев. ИзворТВ21.

Related Articles