Филипче утрово се огласи од својот дом: Од вас барам само разбирање за сите ограничувања кои ги наметнавме – Нека ни е честит празникот

 Breaking News

April 19
08:04 2020

Драги пријатели, Ви го честитам најголемиот христијански празник, и ви посакувам многу, здравје, радост, успех и слога! Оваа година прославуваме различно, без големи собири и дружења. Но, празникот е време да се потсетиме кои работи се важни во животот и да се потсетиме на вистинските вредности.

Една од најважните работи кои секогаш е дел од сите честитки, е доброто здравје. Иако редовно го посакуваме, често забораваме да го заштитиме или да се грижиме за него.

Нека овој празник нѐ потсети колку е важно да се грижиме за нашето здравје, но и за здравјето на сите околу нас. Колку е важно да сме одговорни за себе, но и за другите. Колку е важно колективното наспроти индивидуалното.

Сакам уште еднаш да ви се заблагодарам за тоа што ги почитувате мерките и што секој придонесува да го заштитиме јавното здравје. Ви посакувам добро здравје и мир. Од вас барам само разбирање за сите ограничувања кои ги наметнавме, тие беа исклучиво во заштита на здравјето на сите. Нека ни е честит празникот. – Интегрален фејсбук статус на министерот Венко Филипче.

Related Articles