Филипче: Полициски час и карантин за одредени делови таму каде што тоа ќе биде индицирано

 Breaking News

Филипче: Полициски час и карантин за одредени делови таму каде што тоа ќе биде индицирано

Филипче: Полициски час и карантин за одредени делови таму каде што тоа ќе биде индицирано
June 01
21:19 2020

Тој додаде, дека согласно сите овие анализи од претходните денови и денеска беше констатирано дека нема неконтролирано ширење на вирусот.

Министерот Филипче, информираше дека утрово се разговарало и за евентуално воведување на дополнителни рестриктивни мерки, но заедничкиот став е, да ќе се почекаат податоците од следните два до три дена, и после тоа ќе се донесе одлука.

Во меѓувреме, е заклучено поинтензивно Министерството за внатрешни работи да работи на контрола на теренот, за имплементација на мерките коишто се веќе на сила.

Притоа, за дополнителни рестриктивни мерки се сметаат ограничување на движењата во смисла на карантин за одредени делови, каде што има поголем број на дијагностицирани пациенти и воведување на полициски час повторно локализирано таму каде што тоа ќе биде индицирано.

На денешната прес-конференција, министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче информираше, дека утринава на Комисијата за ЗБ се анализираше состојбата во изминатите денови и статистиката од изминатите две недели.

Очигледно е дека и покрај високите бројки на новоз аразени, нема пациенти кои се јавуваат во болниците, што значи дека поголем дел се со лесна клиничка слика, кои може да се лекуваат во домашни услови или еден сосем добар дел се асимптоматски носители.

Тоа го потврдија епидемиолошките анкети. Во текот на вчерашниот ден направивме детален увид во анкетите во Центарот за јавно здравје во Скопје, каде една поголема екипа практично составена од пет тимови работи на терен во повеќе скопски општини.

Тоа значи дека добар дел од пациентите остануваат дома и ни дава за право да кажеме дека здравствениот систем и со овој бран добро ќе се справи. Има сосем доволен број на болнички кревети и кадар во болниците, респираторни машини“, потенцираше министерот Филипче.

Во однос на кластерите во државата, министерот оцени дека, за Скопје, околу 70 проценти од сите нови случаи се од веќе познати кластери, пред сè од општините Чаир и Сарај каде интензивно се работеше изминатите денови.

Денеска, веќе во Сарај нема голем број на новодијагностицирани, има само двајца. Останува интензивна работата во населбата Чаир.

Тука работат овие тимови од Центарот за јавно здравје коишто ги спомнав и денеска интензивно се работи освен во Чаир и во Студеничани, од каде што се овие луѓе, коишто денеска се анкетираат и за кои резултати ќе има во текот на утрешниот ден.

Во Штип, новодијагностицираните пациенти се околу оние пациенти претходно дијагностицирани, вработени во неколку конфекции. Екипа од Министерството за здравство и Државниот санитарен и здравствен инспекторат, денеска, престојува во Штип, со цел да направи увид во работата на Центарот за јавно здравје.

На локалниот кризен штаб, кој го води градоначалникот беше донесена одлука да се затворат пет конфекции до следниот понеделник, за којшто период близу 600 вработени ќе бидат истестирани, а тие во меѓувреме нема да претставуваат ризик за другите луѓе со кои работат.

Исто таква активност во смисла на посета и анализа на работата на Центарот за јавно здравје, екипа од Институтот за јавно здравје и Министерството за здравство денеска е пратена во Куманово“, изјави министерот Филипче.

Related Articles