Филипче од Охрид најави 70 нови возила за Итната медицинска помош

 Breaking News

Филипче од Охрид најави 70 нови возила за Итната медицинска помош

Филипче од Охрид најави 70 нови возила за Итната медицинска помош
July 04
10:02 2020

Коронакризата потврди дека здравствениот систем е еден од основните столбови на државата. На денешната прошетка со Радмила Шекеринска низ Охрид разговаравме за идните здравствени приоритети за градот, но и за целата држава.

Продолжуваме да градиме силен и одржлив здравствен систем за сите, да ги јакнеме капацитетите на јавното здравство, да работиме на професионалниот дигнитет и мотивација на медицинските работници и да создаваме услови за нивна иднина и професионална кариера во нашата земја.

Продолжуваме со нови проекти за здравствените работници и инвестиции во подобро здравство:

40% зголемeни плати за медицинскиот кадар
Три пати повеќе специјализации
12.000 денари субвенции за млади лекари на специјализација

Едукација и размена на кадри со престижни европски универзитети
33 милиони евра во одделенијата за интензивна нега,
Нов Клинички центар во Скопје

Целосно електронско здравство
70 нови возила за Итната медицинска помош
Реконструкции на стари и пренамена на неискористени болнички капацитети

Related Articles