Филипче, на една маса 4 луѓе, тивка музика, пејачи и диџеи нема, доаѓаат есенските месеци

 Breaking News

Филипче, на една маса 4 луѓе, тивка музика, пејачи и диџеи нема, доаѓаат есенските месеци

Филипче, на една маса 4 луѓе, тивка музика, пејачи и диџеи нема, доаѓаат есенските месеци
October 04
19:54 2020

Министерот за Здравство, Венко Филипче вели: На денешната седница ќе предложиме до Владата да се заб рани гостување на пејачи и диџеи во сите угостителски објекти.

Работното време да се почитува, до 12 часот во работни денови и до 1 часот на полноќ за викенд.

Исто така, ќе предложиме да се намали дозволената гласност на музиката и да се ограничува до 55 децибели, да се намали бројот на луѓе коишто може да седат на една маса во угостителските објект од сега дозволените 12 на 4.

Го очекувавме ова. Го најавувавме тој зголемен притисок, што требаше да се јави во есенските месеци заради поголемата концентрација на луѓе веќе после завршување на годишните одмори. – Напиша министерот Филипче на својата фејсбук страница.

Тоа значи дека повеќе нема да има гостување на пејачи и ди-џеи во угостителските објекти.

Потсетуваме повторно дека дискотеките и ноќните клубови немаа, односно во ниту еден момент не добија дозвола за работа.

Понатаму се намалува дозволената јачина на звукот на 55 децибели за да се одржи препорачаната дистанца и се намалува бројот на лица коишто седат на една маса од 12 на 4 лица, посочи Филипче во изјава за ТВ 21.

Пртетходно, Филипче изјави дека ова се апсолутно оправадни мерки и дека сега е добар период кога треба да се имплементираат.

Секако ја пратиме ситуацијата и понатаму доколку треба имаме план и за дополнителни рестрикции ако тоа се изнуди, изјави Филипче.

Тој посочи дека зголемениот притисок или мини бран е очекуван и го најавувале, како есенски бран по завршување на годишните одмори.

Имаме зголемување на бројот на случаи во сите возрасни групи над 20 години, нема зголемување на бројот на случаи во групите од 10 до 20 и под 10 години.

Тука е иста бројката. Најголем раст има во возрасната група од 20 до 30 години од 50 проценти и нешто помал кај возрасната група од 50 до 60 години, изјави Филипче.

Министерот за здравство посочи дека една од можните мерки, понатаму е и ограничување на работа на одредени економски субјекти и на бројот на луѓе во јавниот превоз, како и мерката за носење маски на отворено.

Според него, за ваквите и за други мерки би размислувале во подоцнежните есенски месеци, кога се очекува и појава на сезонскиот грип, настинки поради студеното време, кало зголемена загаденост на воздухот.

Related Articles