Филипче кажа кои два града се најголемите жаришта во нашата земја

 Breaking News

Филипче кажа кои два града се најголемите жаришта во нашата земја

Филипче кажа кои два града се најголемите жаришта во нашата земја
July 06
18:57 2020

Во последниот извештај на Институтот за јавно здравје од 20 до 28 јуни споредено со претходната недела, регистрирани се 303 помалку нови случаи со Koвид-19, со помалку 8 смр тни случаи, 216 повеќе оздравени пациенти.

Изминатата недела има вкупно околу 860 случаи, што е значајно помалку од 1000 случаи во просек претходните 3 недели. Mинатата недела инциденцата е пониска.

Светската здравствена организација извести дека 60% од случаите од 10 милиони пациенти ширум светот се практично регистрирани во месец јуни.

Ова повторува дека насекаде има нов бран, кај нас дојде нешто порано и мислам дека многу рано го детектиравме. Сега се јавува во сите земји од нашето опкружување и тој е директна последица на попуштањето на рестриктивните мерки и на непочитувањето на мерките за лична заштита.

Најголем број од случаите на возраст над 60 години, а 44 од нив се лица со претходни хронични заб олувања.

Во однос на дистрибуцијата по градови, најголем број од регистрираните случаи се во Скопје – 46%, Тетово – 13%. Овие градови и натаму остануваат најголемите жаришта во нашата земја.

Во следниот период продолжуваме со истата стратегија, апелирам до граѓаните да соработуваат со здравствените работници, да даваат точни податоци за епидемиолошките анкети, заради тоа што тоа е еден многу битен сегмент за раната детекција на нови случаи.

Целосно е завршена инсталацијата за кислород во монтажната болница, спремна е да прими пациенти. Нема потреба да се носат боци со кислород.

Заврши постапката за ист таков тип модуларна амбуланта и евентуално сместувачки капацитет до Клиниката за пулмологија – за следниот период за да се направи уште еден центар за грижа на пациенти, блиску до Клиника кај што има експертиза во однос на белодробни заб олувања. – Напиша министерот за Здравство, Венко Филипче, на својата фејсбук страница.

Related Articles