Филипче кажа како ќе се справиме со евентуално новиот бран кој би се појавил наесен

 Breaking News

Филипче кажа како ќе се справиме со евентуално новиот бран кој би се појавил наесен

Филипче кажа како ќе се справиме со евентуално новиот бран кој би се појавил наесен
July 14
18:35 2021

Размислуваме наесен вакциналниот сертификат да биде задолжителен за влез на настани на затворено како и за масовни настани, доколку опфатот на вакцинираните граѓани не е доволно обемен.

Важноста на имунизација на населението е клучна за справување со пандемијата, затоа е важно граѓаните што поскоро да го сторат тоа.

Вакцинацијата се одвива непречено во сите вакцинални пунктови во државата, во салите се одвива ревакцинација, додека во здравствените домови ширум земјата се одвива вакцинација без закажан термин.

Во тек е и теренската вакцинација која има за цел да им го олесни пристапот на жителите од руралните средини и тешко достапни места како би имале можност да бидат вакцинирани, бидејќи тоа е единствениот начин како да се справиме со евентуално новиот бран кој би се појавил наесен. – Напиша на својата фејсбук страница, министерот Филипче.

Related Articles