Филипче кажа зошто е зголемен бројот на нови случаи

 Breaking News

Филипче кажа зошто е зголемен бројот на нови случаи

Филипче кажа зошто е зголемен бројот на нови случаи
May 29
12:35 2020

На прашање на новинар, кој што го запраша министерот за Здравство, Венко Филипче на пресот, зошто е зголемен бројот на нови случаи денеска, министерстов со одговор дека граѓаните не се придржуваат на препораките но и дека не носат заштитни маски на лицето, а се собираат во поголеми групи, покажувале епидемиолошките анкети, одговори Филипче на новинарот.

Иако медиумите јавуаа за 58, сепак бројките од Министерство велат дека во последните 24 часа направени се 661 тестирање, а регистрирани се 52 нови случаи на коронавирус и тоа во градовите: Скопје-26, Куманово-6, Штип-7, Тетово-9, Струга-2, Велес-1, Кочани-1.

Како што информираат од министерството за здравство дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 30 оздравени пациенти во: Скопје-16, Тетово-10, Велес-1, Охрид-2, Кратово-1.

Вкупната бројка на коронавирусот дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2129, бројката на оздравени пациенти е 1516, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 487. Последната дистрибуција по градови е:

Скопје – 797, активни 240 Куманово – 448, активни 42 Дебар – 51, активни 0 Штип – 61, активни 26 Прилеп –211, активни 43 Тетово – 191, активни 69 Струга – 79, активни 11 Велес – 129, активни 30 Битола –28, активни 6 Охрид –23, активни 6 Кавадарци – 5, активни 0 Гостивар –22, активни 4 Гевгелија – 4, активни 0.

Струмица – 3, активни 1 Крива Паланка- 6, активни 0 Радовиш – 4, активни 0 Крушево – 3, активни 0 Кочани – 32, активни 1 Пробиштип – 2, активни 0 Кичево – 3, активни 1 Неготино -12, активни 5 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија) Демир Хисар – 1, активни 0.

Македонски Брод – 2, активни 0 Пехчево- 3, активни 0 Делчево-1, активни 0 Валандово -1, активни 0 Виница – 3, активни 1 Кратово-2, активни 0 Берово-1, активни 0 Свети Николе-1, активни 1.

Вчерашниот нов позитивен случај евидентиран во Битола е жител на Кичево и соодветно е нотирано во денешниот извештај.

Направените 661 теста се преку: ИЈЗ –289, Авицена –39, Биотек -44, Филип Втори (Жан Митрев) –61, Систина со PCR метода -116 и МАНУ -112. Досега во земјата се направени вкупно 27684 тестирања на коронавирусот.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 124 теста се во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи.Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје Teтово, Велес, Куманово и Скопје, регистрирани се два позитивни случаи во градинка во Скопје и во Куманово.

На Клиниката за инфек тивни бол ести и ф ебрилни состојби во изминативе 24 примен е 1 пациент, хоспи тализирани се вкупно 43 пациенти. На кисло родна поддршка се 17, на механ ичка вентилација е 1 пациент.

Во ГОБ 8 септември примени се 6 нови, а вкупно хоспитализирани 28 пациенти. На респиратор се 6, a со пот ешка кли ничка слика се уште 7 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспит ализирани 6 пациенти, а на домашно лек ување се следат уште 3 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 11, а на домашно лекување се следат 11 пациенти. На ифект ивните одделенија во Велес, Куманово, Прилеп се хоспитали зирани 30 пациенти -по зитивни и сомн ителни на коронавирусот.

Related Articles