Филипче кажа до кога границите остануваат отворени со соседните земји

 Breaking News

Филипче кажа до кога границите остануваат отворени со соседните земји

Филипче кажа до кога границите остануваат отворени со соседните земји
July 04
07:12 2020

Доц. д-р Венко Филипче, Министерот за здравство, вчера од Охрид информираше дека Комисијата за ЗБ вчера претпладне остварила комуникација со претставници на околните земји и до крај на денот се очекуваат информации за состојбата со коронавирусот во целиот регион.

Комисијата ја следи состојбата и засега границите остануваат отворени додека не се добијат потребните информации за епидемиолошката слика од соседните земји.

Последните статистики насекаде во светот покажуваат дека пандемијата не спласнува, има се повеќе пациенти, секаде каде се опуштаат рестриктивните мерки има многу нови зар азени.

Имаме податоци за поголем број за разени и во околните земји.

Утрово на Комисијата за ЗБ и направивме една интензивна комуникација со претставници на здравствените институции и здравствените власти во сите околни земји со цел да ја согледаме вистинската епидемиолошка слика во целиот регион и дел од тие информации очекуваме да стигнат до крајот на денот, потенцираше вчера министерот Филипче во изјава за медиумите.

Related Articles