Филипче кажа во кои градови имало случаи, а сега повеќе нема, ова е листата

 Breaking News

Филипче кажа во кои градови имало случаи, а сега повеќе нема, ова е листата

Филипче кажа во кои градови имало случаи, а сега повеќе нема, ова е листата
May 30
08:25 2020

Дозволете да кажам неколку аспекти за моменталната ситуација, во врска со епидемијата, некои работи коишто ја претставуваат добрата страна и некои работи коишто во овој момент загрижуваат.

Процентот на зар азени од тестирани во изминатите 14 дена, онака како што се прави статистиката за секои две недели наназад, изнесува 5,5% и тука се калкулираат и тестовите направени од скринингот, од моментот кога почнаа да се прават.

Капацитетот во болниците е пополнет 11%, и со тоа здравствениот капацитет, здравствениот систем е во добра кондиција, изјави министерот Филипче.

Филипче додаде дека бројот на оздравени здравствени работници е висок – над 92%. Инциденцата во последните 14 дена е 10,3%, 3 пати помала во однос на пикот во април месец, но продолжуваме постојано да ја пратиме.

Има градови во кои биле регистрирани случаи, а сега повеќе нема: Дебар, Кавадарци, Гевгелија, Крива Паланка, Радовиш, Крушево, Кратово, Пробиштип, Демир Хисар, Македонски Брод, Пехчево, Берово, Валандово, Делчево, и во 7 града има до 5 активни случаи: Кочани, Струмица, Виница, Кичево, Свети Николе, Гостивар и Неготино.

Зголемениот број на случаи доаѓаат најчесто од познати кластери, меѓутоа има и некои нови околу тие кластери, во неколку општини. Е сега, некои работи коишто овие ден-два загрижуваат.

Информациите кои што ги добивме од терен од колегите, од здравствените работници за непочитувањето на мерките беа индикатор, аларм, да направиме контроли во текот на вчерашниот ден во однос на степенот на почитување на мерките и генерално за спроведување на сите процеси во врска со епидемиолошките препораки.

Се направи надзор во Тетово во локалниот центар за јавно здравје и во Штип каде што се анализираа сите случаи, потенцираше министерот Филипче.

Related Articles