Филипче, знаеш зошто излегоа луѓето од Струга на литија?

 Breaking News

Филипче, знаеш зошто излегоа луѓето од Струга на литија?

Филипче, знаеш зошто излегоа луѓето од Струга на литија?
May 08
21:07 2020

Колумна на Дарко ЈАНЕВСКИ за Денешен.мк: Филипче, знаеш зошто излегоа стружани?

Затоа што не ја видовте епидемијата уште во јануари или почетокот на февруари па да направите план и стратегија!

Затоа што тие месеци бевте на ниво на било кој лаик по медицина од Македонија! И останатите два милиони Македонци не ја видоа епидемијата!

Затоа што првите сомнителни најави дека ќе ги праќаш во Ниш!

Затоа што не сте виделе дека имате 37 000 заболени од грип наспроти 20 000 лани, пред да почне епидемијата и затоа што поим немате на тоа се должи тоа!

Затоа што ги мафтосувавте луѓето со жената и синот од Велес, па часпочинале во јануари, час во март!

Затоа што првата мерка ви е дури од 26 февруари, со прогласување на само четири региони од Италија за високо ризични!

Затоа што на аеродром правевте контрола со мерење температура (со апарати кои еднаш покажуваат, еднаш не), а сега се гледа дека во тој момент поим сте немале за вирусов и дека таа мерка или т.н. мерка со мерење температура не е никаква брана!

затоа што додека меревте темература на аеродроми, а на останатите гранични премини минуваше кој како сака!

Затоа што Цаца ти го внесе вирусот без проблем во земјава на 2 март на Табановце!

Затоа што Цаца одела на работа и никому ништо!

Затоа што госпожата влезе од регион кој е соседен на четирите кои ги прогласивте за ризични, како да не постои можност да тркнала на шопинг или кафе наоколу!

Затоа што правеше на удрен кога се дозна дека госпожата е заразена!

Затоа што тркалезно па на ќоше“ испадна“ наводната истрага за тоа кого заразила!

Затоа што ти не побара од истрага за неа како сега за Струга или како оној од Кардиологија, се сеќаваш каков беше на едната, а каков на другата прес конференција!

Затоа што ние самите ги повлековме децата од училишта, прво од ОУ Владо Тасевски и ОУ Кочо Рацин, откако се дозна дека родители биле на симпозиумот на твојата Цаца за да и го слушаат велелепното предавање на експертката позната како твој човек, па затоа мора да бидат видени таму, истата таа за која ти пелтечеше јазикот на прес конференции.

Е, па откако ги повлековме децата на своја рака, еј оставивте можност да букне зараза меѓу децата БЕ, не ти е срам бруко една, дури после тоа донесовте мерка за прекин на наставата! Инаку, кој ве знае до кога ќе теравте! И уште ти си барал истрага за Струга или било каде!

Е, излегоа стружани и затоа што Фатиме Фетаи – Гучи ти дојде во земјава од Дубровник на 14 март, а на 11 март Хрватска веќе имаше прогласено епидемија. За тебе, нормално, Хрватска и тогаш, беше земја со низок ризик!

Затоа што жената од Куманово штоумре имаше два негативни теста додека бешежива, а видовте дека е позитивна откакоумре. Ама ти поим немаше зошто од три теста два биле грешни!

Затоа што после тоа тргна епидемјата во Куманово со незаштитени лекари!

Затоа што жената од Горно Тепеше, струшко, таа штоумре нели, сте ја оставиле дома со хронична белодброна болест и со срцева мана.

Затоа што болницата од Охрид одби да ја прими!

Затоа што потоа директорката ти пиша дека не ја примиле зашто немале опрема и апарати за болни од Ковид 19! Свесен си дека за тоа се сноси одговорност!? Не политичка, не морална, туку поинаква, ама ти терај си со Жути таму, ете и Мијалков ти даде 50 000 евра во тестови. И крсти се дека и ВМРО веројатно нема да те гони за се ова ако дојде на власт!

Затоа што ги оставивте лекарите без опрема, што е кривично дело. Ти кажал некој дека имаш обврска со директорите да ги снабдиш вработените со заштитна опрема, а ако не го сториш тоа сносиш кривична одговорност ако поради тоа има последици или ги доведеш во ситауција да имаат последица? Ја знаеш заразената лекарка од Куманово?

Сакаш други сведоштва дека лекарите сами си купуваа опрема? Знаеш дека тебе и директорите ве спасува само фактот што Љубомир Јовески е во некое од оние округлите топчиња лево и десно од џебовите на панталоните на твојот шеф Заев?

Целата колумна прочитајте ја ТУКА(Денешен).

Related Articles