Филипче за Сител: За патување во Грција, полицискиот час, здравствените пасоши, карантинот

 Breaking News

Филипче за Сител: За патување во Грција, полицискиот час, здравствените пасоши, карантинот

Филипче за Сител: За патување во Грција, полицискиот час, здравствените пасоши, карантинот
May 16
20:55 2020

Денеска, Министерот за здравство Венко Филипче, веднаш по враќањето од Атина во интервју за Сител телевизија вели дека состанокот со грчклиот министер за здравство поминал во пријателска и добра атмосфера, пишува Прес24.

Филипче вели дека: Состанокот со грчкиот министер за здравство помина во одлична пријателска атмосфера и може да кажам дека го имаме истиот пристап, дилеми и прашања за епидемијата со коронавирусот.

Важно е да да најдеме решение на кој начин да пристапиме кон отварање на границите.

Спремивме еден документ кој треба да го разгледаме во текот на неделата, дали ќе ни требаат тестови за да патуваме, па откако ќе го разгледаме, верувам дека ќе го најдеме и заедничкиот начин за соработка , а понатаму тој документ сакаме да го понудиме и на другите соседни земји- рече Филипче.

Тој документ ќе го разгледаат експерти, па ќе се утврдува на кој ќе се преминуваат границите ќе биде финализиран.

Филипче додава: Битно е дека разговаравме дека сите граѓани кои ќе одат во Грција и оние кои ќе дојдат во Македонија, доколку имаат потреба да се лекуваат од болест предизвикана од коронавирусот да им овозможиме тоа да го прават во нашите две земји бесплатно – рече Филипче, пренесе Прес24.

Кога ќе можеме да патуваме во Грција? Дали ќе се бараат здравствени пасоши?

Дали ќе се укине обврската за 14 дневен карантин? Дали ќе се укине полицискиот час? Кога угостителите ќе почнат со работа погледнете во интервјуто со министерот, видео во продолжение, Сител тв:

Related Articles