Филипче го кажа мотивот да ја прифати потпретседателската функција во CДCM

 Breaking News

Филипче го кажа мотивот да ја прифати потпретседателската функција во CДCM

Филипче го кажа мотивот да ја прифати потпретседателската функција во CДCM
May 23
19:29 2021

За мене успешен политичар е оној кој ќе докаже дека знае да работи и менаџира на позицијата која ја добил во владата или партија.

Модерниот политичар го одликува професионалност и успешна реализација на зададените задачи и планови, а не безполезни политички препукувања и дебати кои веќе не ги интересираат граѓаните.

Oстанувам посветен на здравствените политики и реализација на програмата на партијата во сопствениот ресор кој е столб на државата.

СДСМ е реформска партија која секогаш гледа напред и се води од интересот на граѓаните, токму тоа ме мотивираше да ја прифатам потпретседателската функција во партијата. – напиша на својата фејсбук страница, Венко Филипче.

Related Articles