Филипче вечерва: Од утре Македонските граѓани со негативен ПЦP тест, кој не е постар од три дена може да патуваат во соседна Бугарија

 Breaking News

July 27
20:45 2020

Министерот за Здравство, Венко Филипче вечерва на својата фејсбук страница напиша дека: Од утре Македонските граѓани со негативен ПЦP тест, кој не е постар од три дена може да патуваат во соседна Бугарија.

Освен за нашата земја, ова важи и за Србија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Молдавија, Израел и Кувајт.

Државјани на овие земји можат да влезат во Бугарија за туристички цели со негативен ПЦP-тест, направен во последните 72 часа, соопшти Министерство за здравство на Бугарија.

За граѓани на Украина условот да достават негативен тест за ПЦP важи од 30 јули.

ПЦP тест не е потребен за лица кои пристигнуваат во Бугарија од земји членки на ЕУ, Велика Британија, како и од Алжир, Австралија, Канада, Јапонија, Мароко, Нов Зеланд, Руанда, Република Кореја, Тајланд, Тунис, Уругвај.

Тие не подлежат ниту на 14-дневен карантин.

Related Articles