Филипче вели до 2024 година ако победат да ги зголемат платите на здравствените работници и соработници

 Breaking News

Филипче вели до 2024 година ако победат да ги зголемат платите на здравствените работници и соработници

Филипче вели до 2024 година ако победат да ги зголемат платите на здравствените работници и соработници
June 29
06:43 2020

Коронакризата покажа дека здравството е еден од столбовите на државата. До крајот на 2020 ќе ја дефинираме 10 годишната стратегија за издвојување и инвестиции во здравство и ќе побараме широка собраниска поддршка за неа.

На здравствениот систем му треба стабилно и повисоко вложување. Во следниот мандат, овозможуваме:

Зголемуваме на платите на здравствените работници и соработници за 10%, значи вкупно 40% за целокупниот следен мандат;

Сите млади лекари кои се на специјализација и се надвор од Скопје ќе добијат 12 000 денари субвенција за решавање на станбеното прашање;

Зголемување на бројот на специјализации и склучување стратешки договор со Универзитетската болница во Франкфурт за размена на кадри;

Воведување на проектот „Телемедицина“ каде ќе патува информацијата, а не пациентот, со поврзување на клиничките болници со Универзитетскиот Клинички центар. Со ова, секој пациент ќе добие навремена и брза интеренција;

До крајот на мандатот ќе започнеме проект за енергетска ефикасност на сите болници и здравствени домови во нашата земја;

Реновирање на најстарите одделениjа во здравствените установи;

Обезбедување на 70 нови возила до крајот на мандатот за итна медицинска помош;

Почнување со изградбата на нов, современ и функционален Универзитетски клинички центар во Скопје;

Затоа што можеме уште повеќе и уште подобро. – Напиша Венко Филипче на својата фејсбук страница.

Related Articles