Фатиме Фетаи одбила претрес: Јас сум обвинителка, а не ocoмничeна за да ме претресуваат

 Breaking News

Фатиме Фетаи одбила претрес: Јас сум обвинителка, а не ocoмничeна за да ме претресуваат

Фатиме Фетаи одбила претрес: Јас сум обвинителка, а не ocoмничeна за да ме претресуваат
August 15
17:07 2019

И обвинителката Фатиме Фетаи на влегување во зградата на СЈО била запрена од полицаецот кој се повикал на наредба од шефицата Катица Јанева, дека сите вработени ќе бидат претресувани пред да влезат и излезат, потврдува таа за ТВ24 додавајќи дека се спротивставила на оваа одлука.

Јас сум обвинителка која работи во оваа институција веќе четири години, а не осомничена за да ме претресуваат на секое влегување и излегување.

На враќање од паузата околу 13 часот ме застана полицаецот и соопшти дека не можам да влезам без да бидат извршени проверки во мојата ташна. Тој се повика на наредба која денеска била дадена од шефицата Катица Јанева.

Наредбата за претрес на секој кој влегува или излегува од СЈО, дури и на обвинителите, дошла откако Вилма Русковска ја повика Катица Јанева на сослушување. Извор: Тв24.

Related Articles