Уште ова фалеше: Не ми треба туристичка агенција, сам ќе си резервирам соба

 Breaking News

Уште ова фалеше: Не ми треба туристичка агенција, сам ќе си резервирам соба

Уште ова фалеше: Не ми треба туристичка агенција, сам ќе си резервирам соба
July 04
10:23 2020

Не ми треба туристичка агенција, сам ќе си резервирам соба“ гласи слоганот кој се појави на билбордите ширум државата на новата владина кампања со која се обидува да ги поддржи малите бизниси.

Проблемот е што со вака несреќно избраниот слоган, тие директно удираат врз домашните туристички агенции кои трпат огромни загуби и штети поради пандемијата, јавува Алфа ТВ.

Со промаршената кампања наместо да им помогнат, тие ќе ги дотепаат. Туристичките работници реагираат зашто со ваквиот чекор на власта, наместо помош, добиваат контра услуга, јавува Алфа ТВ.

Агенциите петти месец се без никакви приходи а вие ќе ни правите кампањи на затворени граници.

Државата наместо директно на малиот бизнис да помогне ќе спроведува перачки кампањи и ќе удира на совеста на граѓаните.

Не сакам ни да знам колку пари се потрошени за ова ѓубре. Лопов до лопов, сите од прв до последен, остро реагираат туристичките работници на социјалните мрежи, пишува Алфа ТВ.

Од туристичкиот сектор оваа промоција од страна на власта ја окарактеризираа како анти кампања. Тоа што прво паѓа во очи е во негативна конотација, а треба да е спротивно, велат тие.

Туристичките работници кои ги контактираше Алфа велат дека начинот на презентација бил лош и тоа негативно се одразувало во јавноста.

Ова е време кога треба да им се помогне на луѓето, зашто туризмот е буквално на колена со 0 денари профит. Бараат државна финансиска помош.

И додека домашните агенции прават напор преку аранжмани да ја спасат сезоната со носење туристи во домашните капацитети, Владата преку кампања ги убедува граѓаните сами да си прават резервации.

Во меѓу време, на социјалните мрежи има еден куп коментари кои се исмеваат на оваа, како што ја нарекуваат анти кампања. Алармираат и дека поради панедмијата, наместо поевтинување, имало поскапување на цените.

Инаку ова не е прв пат власта да промаршува кампања. Претходно, Владата со германска фотографија промовира македонски туризам, па откако авторот иронично ни се изнасмеја, Владата експресно ги смени фотографиите. Извор Алфа ТВ.

Related Articles