УХМР јавува, денес дожд и грмежи, а следните денови до 40-тиот степен температури

 Breaking News

УХМР јавува, денес дожд и грмежи, а следните денови до 40-тиот степен температури

УХМР јавува, денес дожд и грмежи, а следните денови до 40-тиот степен температури
June 22
07:48 2021

Денес и во следните денови под влијание на топла воздушна маса од југ, времето ќе биде многу топло со натпросечни температури за овој период од годината.

На повеќе места ќе бидат над 35 степени, а најтопло се очекува да биде во четврток и петок кога на места ќе го надминуваат и 40-тиот степен.

Денес попладне ќе има и локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Прогноза за 22.06.2021:Сончево и многу топло со мала до умерена облачност.

Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, претежно во планинските подрачја.

Ќе дува слаб до умерен северозападен, а во западните делови повремено и засилен западен ветер. УВ=9.

Прогноза за 23.06.2021: Сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. УВ=9

Прогноза за 24.06.2021: Минимална температура: 14°C до 23°C Максимална температура: 34°C до 42°C Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец УВ=9.

Прогноза за 25.06.2021: Минимална температура: 15°C до 24°C Максимална температура: 34°C до 41°C Сончево и многу топло со умерена облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец УВ=8.

Прогноза за 26.06.2021: Минимална температура: 13°C до 22°C Максимална температура: 33°C до 40°C Сончево и многу топло со умерена локална облачност.

Ќе дува слаб до умерен, а повремено и засилен ветер од западен правец. УВ=8.

Related Articles