УХМР пpeдупредува, невpeмето продолжува, претпазливо движете се на овие места

 Breaking News

УХМР пpeдупредува, невpeмето продолжува, претпазливо движете се на овие места

УХМР пpeдупредува, невpeмето продолжува, претпазливо движете се на овие места
July 18
18:15 2021

Продолжува нестабилното време со повремени краткотрајни локални поројни врнежи од дожд, на места во вид на невp еме придружувани со засилен ветер и појава на град.

информираат од Секторот за хидрологија при Управата за хидрометеоролошки работи.

Најавуваат дека на места каде локално врнежите ќе бидат поинтензивни можно е брзо зголемување на водостојот на помалите реки и суводолици низ земјата и појава на одрони и свлечишта.

Можна е и појава на течење и слевање на вода низ дел од градските урбани средини на места каде процесите ќе бидат поинтензивни со краткотрајни интензивни врнежи од дожд.

За поголемите реки засега не постои опасност од нивно излевање. Ваквото нестабилно време со поројни врнежи од дожд се очекува да трае до вторник, кога се очекува стабилизирање на состојбата, соопштија од УХРМ.

Предупредуваат на претпазливо движење покрај помалите реки и суводолиците во наредните денови, особено за време на попладневните часови од денот.

Related Articles