Утрово се огласија од СДСМ: Најниско ниво на невработеност од 16%, успешните економски политики резултираат

 Breaking News

Утрово се огласија од СДСМ: Најниско ниво на невработеност од 16%, успешните економски политики резултираат

Утрово се огласија од СДСМ: Најниско ниво на невработеност од 16%, успешните економски политики резултираат
August 29
07:55 2021

Економските политики на Владата предводена од СДСМ ги даваат очекуваните резултати, економијата излегува од кpp изата витална, развојна, динамична.

Просечната плата континуирано расте и од јуни 2017 досега е зголемена за над 6.000 денари.

Денес, стапката на невработеност е на историско најниско ниво од 16 отсто.

Одговорните економски политики, новите инвестиции отвораат можности стапката на невработеност дополнително да се намали до крајот на годината.

Последните официјални податоци покажуваат раст на индустриското производство од 9,5 отсто.

Во периодот јануари-јуни извозот на стоки е зголемен за 39,1 отсто, а увозот за 38,7 отсто.

Дополнителна потврда за нашите позитивни економски политики доаѓа од агенцијата „Стандард и Пурс“, која го потврди кредитниот рејтинг на државата и смета дека економијата во 2021 година ќе излезе од кpp изата и ќе бележи раст на БДП од 3,7 отсто.

Од исклучително значење е задржувањето на кредитниот рејтинг во континуитет и покрај ефектите од коppонакppизата, бидејќи тоа е позитивен сигнал за инвеститорите и јасен показател за довербата во политиките коишто се водат во државата.

СДСМ како одговорна па тија ќе продолжиме со економски политики кои обезбедуваат раст и развој на стопанството, но и подобри услови за работа на компаниите и повисок животен стандард за граѓаните. – Пишуваат утрово во соопштение за јавност од СДСМ.

Related Articles