Утрово ново видео: Наредба има од Брисел да се молчи, Могерини главен спонзор и 220 делегати на ЕУ во Скопје молчат

 Breaking News

Утрово ново видео: Наредба има од Брисел да се молчи, Могерини главен спонзор и 220 делегати на ЕУ во Скопје молчат

Утрово ново видео: Наредба има од Брисел да се молчи, Могерини главен спонзор и 220 делегати на ЕУ во Скопје молчат
August 11
06:47 2019

Новинарот на Ла Верита, Ларис Гајзер, утрово излезе со видео колумна за македонскиот случај Pekет. Република го објави преводот на овој текст, кој што можете да го прочитате во продолжение:

Објавата на Ла Верита од минатите денови по однос на аудио и видео материјалот за активностите околу pekeтирањата што се случиле во изминатите години во Македонија, со знаење на канцеларијата на специјалната обвинителка предводена од Катица Јанева, се претвори во вистински политички и социјален земјотрес.

Нашата редакција, како и долупотпишаниот, беше преплавена на дневна база, од илјадници пораки за поддршка и благодарност. Скоро и да немаше kpитики и закани што вообичаено ги има во вакви случаеви.

На сајтот, на тема за надворешна политика, високо надминавме над милион контакти. Можеме да кажеме дека Ла Верита на македонската популација и направи услуга од јавен карактер, размрдувајќи некои стагнирачки ситуации и враќајќи му ја довербата на еден народ сведен на константна изолација на којашто ЕУ изгледа дека го осудила со цел да го оствари планот за ограничување на суверенитетот на земјата.

Македонците се еден горд народ, разочаран од kopупцијата, и патат уште повеќе кога ситуацијата, дури и само индиректно, е поддржана од ЕУ.

Треба да се напомене дека баш Ж.К.Јункер и Могерини инсистираа силно за специјалната обвинителка. Токму заради тоа, сензационалните откритија на нашиот весник предизвикаа и внатрешни и надворешни тeнзии.

Внатрешно, опозицијата предводена од Х.Мицкоски тврди дека Ла Верита јавно му покажала на широкото граѓанство докази за една огромен политички и судски октопод, што премиерот Зоран Заев треба да го земе предвид и да си поднесе оставка. Тој (ЗЗ) засега целата случка ја коментира само преку фејсбук пост кадешто вели дека ликовите го злоупотpeбиле неговото име.

Од затворот во кој се наоѓа токму поради случајот Pekeт анализиран од нас, Боки13 му одговорил, преку еден српски весник, дека доколку се поce гне по нeговиот живoт, доказите за вмешаноста на Заев се наоѓаат кај мајка му. Од меѓународна гледна точка пак, освен фактот што нашите вести беа преземени од бројни медиуми, меѓу кои оние од Германија, Албанија, Србија и Словенија – првата со реакција беше Франција.

Нејзиниот амбасадор изјави дека македонските власти треба да дадат јасни одговори по однос на скандалот обзнанет од нас, пред Брисел да почне да го анализира приближувањето на МК кон ЕУ.

И токму од унијата, којашто сметавме треба да се преиспита уште пред неколку години бидејќи, преку Могерини, беше главен спонзор на СЈО и на многу меѓународни трауми нанесени на МК, стигна најпоразувачката порака, тотален молк.

Без разлика на летниот период, илјадници вработени во внатрешните служби на ЕУ, од кои 220 во делегацијата во Скопје, не успеаја да изнесат ниту еден институционален извештај со надеж брзо да се разјаснат фактите.

Наредбата од Брисел да се молчи и да се избегнуваат дополнителни штети на имиџот сигурно била пренесена на кристално јасен начин.

Толку јасен што и на Дорис Пак ѝ станало јасно дека нешто не чини, децениски парламентарец задолжена за проширувањето на Балканот и без никаква дилема една од најмоќните политички фигури од ЦДУ и Германија, и актуелна претставничка на ЕПП.

Дорис Пак објави силен апел вчера на социјалните мрежи, со барање за итна реакција , кон надворешните служби на Унијата, запрашувајќи се како Могерини може да молчи пред криминалната реалност обзнанета од третото видео објавено на сајтот на Ла Верита.

Во 2015г, токму ЕУ инсистираше за СЈО, што му нанесе многу штета на Македонскиот народ. Денес, тие од ЕУ задолжително би требало да одговорат, особено на оние внатре во македонска администрација, коишто во изминатите месеци го ризикуваа животот помагајќи ни во објавувањето на материјалот, убедени дека сѐ уште е возможно да се има вистинска демократија базирана на информирано јавно мислење и контрола на политичарите.

Што се однесува до нас, продолжуваме со проценување на конкретноста и на правната изводливост со цел потенцијално објавување на друг аудио материјал .

Засега се надеваме дека македонскиот народ конечно може да добие вистинска поддршка од странските престолнини, коишто досегa воделе политика од сенка. Извор: Република.

Еве дел од галеријата објавена на видеото од весникот:

Коментари

Њуз24 се оградува од коментарите на содржините

Related Articles