Утре можно е зајакнување на мерките против ширење на корона

 Breaking News

Утре можно е зајакнување на мерките против ширење на корона

Утре можно е зајакнување на мерките против ширење на корона
April 05
15:15 2020

Комисијата за превенција од заразни болести во текот на утрешниот ден би можело до Владата да поднесе барање за зајакнување на мерките против ширење на корона во земјава, најави на денешната прес конференција министерот за здравство, Венко Филипче.

Како што кажа тој дискусијата ќе се води на утрешната седница на Комисијата.

Влегуваме во втората фаза и во следните денови се очекува зголемување на бројот на позитивни случаи на, рече Филипче, додавајќи дека остануваат проекциите пикот на болеста да биде на крај на месецов.

За денеска, недела, 5 април 2020 година за последни 24 часа регистрирани се 72 нови на ниво на цела Македонија. Додека пак по градови имаме два нови градови во листата, а тоа се Радовиш со 1 и Крушево со 2 случаи.

Related Articles