Уставните судии ги враќаат на маса пoмилувањата на Иванов за Груевски, Мијалков, Миле, Гордана и останати

 Breaking News

Уставните судии ги враќаат на маса пoмилувањата на Иванов за Груевски, Мијалков, Миле, Гордана и останати

Уставните судии ги враќаат на маса пoмилувањата на Иванов за Груевски, Мијалков, Миле, Гордана и останати
November 28
23:32 2019

Уставниот суд вчера поведе постапка за оценка на уставноста на членот 11-а од Законот за дополнување на Законот за помилување од 2016 година, што му овозможи на поранешниот претседател, Ѓорѓе Иванов, да ги поништи помилувањата кои самиот ги даде во април 2016 година за 56 лица, меѓу кои речиси целокупниот врв на ВМРО-ДПМНЕ, пишува А1ОН.

Тоа значи дека петтемина уставни судии со прифаќањето на иницијативата поднесена уште во 2016 година, го отворија патот, сите 56 лица, кои Иванов ги помилува, и потоа си ги поништи одлуките, да бидат целосно ослободени од кривичниот прогон.

Судот смета дека со Законот за дополнувањето на Законот за помилувањето, со кој му се дозоволи на Иванов да ги поништи помилувањата, излегол надвор од дадените надлежности кои ги има претседателот што е спротивно на Уставот, бидејќи се повредува принципот на владеење на правото и правната сигурност на граѓаните.

Според уставните судии, претседателот во согласност со Уставот има право само да дава помилување, но не и да поништува, што значи дека Уставот не предвидува можност за повлекување на претходно даденото помилување. Од А1 он пишуваат дека од судот вчера посочија дека во повеќе држави-членки на Европската Унија од кои што било побарано мислење, не постои можност за повлекување на даденото помилување. Целиот текст тука.

Related Articles