Унгарскиот шеф на дипломатијата во одбрана на Груевски: Ни дава информации за Западен Балкан

 Breaking News

Унгарскиот шеф на дипломатијата во одбрана на Груевски: Ни дава информации за Западен Балкан

Унгарскиот шеф на дипломатијата во одбрана на Груевски: Ни дава информации за Западен Балкан
June 13
21:15 2019

Петер Сијарто, шефот на унгарската дипломатија, го бранеше азилот за поранешниот македонски премиер Никола Груевски во унгарскиот парламент како и неговата тајна средба со заменик државниот секретар во унгарското МНР во еден стан во Будимпешта, велејќи дека доскорешниот пратеник и почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ дава информации за состојбите во Западен Балкан.

Сијарто на пратеничко прашање од унгарската опозиција реплицираше дека комуницираат за да добијат, како што вели, најавтентични информации за тоа што се случува на Западен Балкан, со оглед на неговото 10 годишно искуство како прмеиер.
„Ние регуларно разговараме со него и не сметам дека е важно каде се одржуваат средбите, рече министерот за надворешни работи на Унгарија.

Тој додаде дека затворската казна и бегството од истата на Груевски е двоен стандард „бидејќи и актуелниот премиер Зоран Заев бил обвинет за корупција, но добил помилување од претседателот на државата“.

Коментари

Њуз24 се оградува од коментарите на содржините

Related Articles