Тротинети на струја: Формирање на општински пoлиции како предлог на маса за полесна контpола

 Breaking News

Тротинети на струја: Формирање на општински пoлиции како предлог на маса за полесна контpола

Тротинети на струја: Формирање на општински пoлиции како предлог на маса за полесна контpола
September 20
08:24 2019

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот го поздравува новиот тренд на електрични тротинети кој нецела година ги преплавува нашите улици.

Сепак, ниту самите не можат да дадат своја дефиниција за тротинетот како превозно средство бидејќи закон за истото нема.

Претставници од надлежните институции се собраа на тркалезна маса да нудат предлози, но главоболките останаа – бидејќи се уште нема конкретно решение каде, како и на кој начин да се справат со напливот од овие превозни средства.

Прво и основно, немаме дефиниција за електричните тротинети. Второ, кој треба да го управува, на која возраст треба да го вози, лицето како да биде опремено, на кој дел треба да се движат – на велосипедски патеки или на специјални патеки наменети за нив.

За сите овие работи треба една студија, да се дефинираат, истакна Гордана Кожуваровска.

МВР пред извесно време ја формираше интерсекторската група која работи на законските измени да се донесат час поскоро.

Во меѓувреме, и локалните самоуправи го прифатија овој предизвик во рамки на своите надлежности – како да се ослободат и оспособат коловозите и патеките за возење на тротинетите.

Првиот човек на Центар вели дека интензивно се работи со градот за обновување на инфраструктурата, но во исто време е свесен дека тоа ќе чини многу труд и пари.

Ние само за еден тротоар да ослободиме треба целиот да го преработиме, да ги кренеме тротоарите, да ставиме заштитна ограда, да обележиме – навистина се скапи инвестициите и треба да се усмерат во тој правец., изјави Саша Богдановиќ, градоначалник на Општина Центар.

Дали учеството во сообраќајот ќе биде добра алтернатива или закана – засега зависи од совеста на секој поединец кој вози тротинет.

Богдановиќ меѓудругото напомена и дека на маса е ставен предлогот за формирање општински полиции за да може поефикасно да се контролира секој сообраќаен сегмент.

Заклучоците од вчерашната тркалезна маса понатаму ќе бидат преточени во законски решенија со кои прецизно ќе се регулуира учеството во сообраќајот со електричен тротинет – изјави Претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Гордана Кожуваровска.

Related Articles