Толку од новиот закон за учебници, нема да има референдум

 Breaking News

Толку од новиот закон за учебници, нема да има референдум

Толку од новиот закон за учебници, нема да има референдум
June 30
22:13 2021

Владата се повлекува од предлог-законот за учебници и наставни материјали со кој од следната година четвртоодделенците требаше да почнат да учат од дигитални учебници.

Иницијативата „Учебници и настава мора да има“ добиле официјално известување од претседателот на Собранието,

Талат Џафери дека Владата го повлекува 3аконот за учебници и наставни материјали во основното и средното образование.

Ве известувам дека Владата на Република Северна Македонија со допис заведен под број 08-2167/3 од 30 јуни 2021 година, ме извести дека:

Предлогот на 3акон за учебници и други наставни и дида ктички материјали во основното и средното образование, примен и заведен во Собранието на 29 април 2021 година под број 08-2167/1 го повлекува, се вели во дописот од Џафери.

Претставничката на иницијативата, Драгана Спасевска вели дека поради ова повлекување нема да се одржи ниту peферендум, како што тие бараат.

Родителите излегоа на неколку пpo тести во изминатиот период со барање за повлекување на предлогЗаконот.

Поднесоа и иницијатива за државен референдум каде ќе се изјаснат дали 3аконот да се донесе, меѓутоа, до денеска Владата не испрати допис до Државната избo pна коми сија.

Без тој допис ДИК не може да ги отвори подрачните единици за собирање на потребните 10.000 потписи за одржување на peферендум. ИзворПрес24.

Related Articles