Твитер рејтинг за април: Уметноста со 1 место го победи коронавирусот со 6 место

 Breaking News

Твитер рејтинг за април: Уметноста со 1 место го победи коронавирусот со 6 место

Твитер рејтинг за април: Уметноста со 1 место го победи коронавирусот со 6 место
April 26
16:34 2020

Изгревањето на Месечината со поглед од градот Охрид е најпопуларен твит за месец април, кажува рејтингот според агрегатот Тајм.мк.

Твитот на фотографот Стојан Стојановски добил дури 3297 ретвита од корисниците на твитер мрежата, што го става на врвот за месец април со ретвитови, а и голема прегледност.

Воедно истиот твит има многу фејв и тоа 9337 што исто така е на врвот и рекорд во месец април остварен од македонец.

Тоа на Тајм.мк изгледа вака:

За разлика од фотографот, министерот за здравство, Венко Филипче се најде на листата во топ 10 најпопуларни твитови за месец април.

Филипче го завзема шестото место, иако коронавирусот е доста актуелен во месец април, каде се чекаше и пикот, министерот со неговиот најпопуларен твит има добиено 336 ретвита и 1224 фејва, што го става на 6-то место.

Со овој рејтинг за последни 31 дена според агрегатот Тајм, најпопуларен е Стојан Стојановски со неговиот твит, но претпоставуваме дека твитот станал вирален и е прегледан исто многу пати и во странство.

Во продолжение проследете го твитот кој што е најпрегледуван во месец април, каде всушност станува збор за видео запис:

Related Articles