Талат Џафери до колегите: Седете во салата дур трае паузата, не морате чопоративно сите да излезете

 Breaking News

Талат Џафери до колегите: Седете во салата дур трае паузата, не морате чопоративно сите да излезете

Талат Џафери до колегите: Седете во салата дур трае паузата, не морате чопоративно сите да излезете
August 04
15:33 2020

Талат Џафери, Претседателот на Собранието во заминување, за време на конститутивната седница, побара од пратениците за време на паузата да останат на своите места и да не излегуваат од салата, со цел да нема групирање и да се почитуваат мерките за заштита од коронавирусот.

За да не излегуваме од салава, поради безбедносни причини, предлагам да останеме овде и по потреба, ако има некој индивидуална потреба, може да излезе.

Но, да останеме тука и пратениците да се запознаат меѓусебно колку што ни дозволуваат условите.

Треба да се одржи и дистанцата, бидејќи сите разбираме во каква ситуација се наоѓаме и ве молам да поразговарате на ваши места, индивидуално“, кажа Џафери. Но, скоро никој не го послуша. „Не морате чопоративно сите да излезете“, посочи Џафери.

Related Articles