Таа е најбогата скопјанка во 2018 година со 17 милиони евра бруто годишен приход

 Breaking News

Таа е најбогата скопјанка во 2018 година со 17 милиони евра бруто годишен приход

Таа е најбогата скопјанка во 2018 година со 17 милиони евра бруто годишен приход
February 26
22:40 2020

17,2 милиони евра е рекордната годишна бруто плата на скопјанка која се најде на врвот на листата најбогати за 2018 та година. УЈП ги објави највисоките приходи врз основа на годишните даночни пријави, кои се поднесуваа електронски. Истата пријавила највисок износ на капитална добивка во последните 10 години од 13,7 милини евра.

Станува збор за лице од сегмент од здравствениот сектор. Највисока бруто плата пак била исплатена во здравствениот сектор и изнесува 3 милиони евра годишно или 250 илјади евра месечно. Највисоко лично примање по друг основ изнесува речиси 2 милиони евра.

Високи плати се исплаќаат во секторот трговија со тутун, компјутерско програмирање, проиузводство на метални произвоси, аптеки и изградба на станбени и нестанбени објекти, изјави директорката на УЈП Сања Лукарeвска. Скопјенец од дивиденда добил 6,6 милиони евра, од имотни права Тетовчанец 1,4 милиони евра, од авторски права жител на Скопје – 368 илјади евра.

Од самостојно вршење на дејнсот највисокиот износ е 750 илјади евра. Во топ 10 се наоѓаат и адвокати, нотари, извршители и угостители, додава Лукарeска, најголема пензија примил пензионер од Скопје од странска земја во износ од 93 илјади евра годишно. Највозрасното лице кое остварило над 16 илјади евра приход има 99 години, додека најмладото се родила во 2018 та година и парите ги наследило од дивиденда.

Related Articles