Стоилов ги собра на забава ракометарите и навивачите по прославата на плоштад

 Breaking News

Стоилов ги собра на забава ракометарите и навивачите по прославата на плоштад

Стоилов ги собра на забава ракометарите и навивачите по прославата на плоштад
June 04
17:18 2019

Капитенот Столе Стоилов и останатите ракометари прославата за трофејот од Лигата на шампиони не ја завршија на градскиот плоштад во Скопје, туку заедно со најверните навивачи забавата ја продолжија до разденување, пренесува Спорт1.

Граѓани од цела Македонија синоќа дојдоа на плоштадот во Скопје да ги пречекаат и поздрават шампионите на Вардар.

На бината се обратија сите членови на екипата, а публиката ги наградуваше со ракоплескање и скандирање на нивните имиња.

Ракометарите на Вардар вчера беа дочекани од илјадници навивачи и граѓани од цела Македонија, кои дојдоа на плоштадот во Скопје да ги видат и поздрават шампионите.

Related Articles