ССМ: Од 4 и 30 часот наутро Скопје нема да има јавен превоз

 Breaking News

ССМ: Од 4 и 30 часот наутро Скопје нема да има јавен превоз

ССМ: Од 4 и 30 часот наутро Скопје нема да има јавен превоз
October 19
20:10 2022

Како што претходно беше најавено, така стигна потврда и од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) дека утре нема да има јавен превоз во Скопје.

Вие може политика да терате до сабајле, но сабајле автобуси нема да има.

Вам не ви е гајле, вие не се возите со јавен превоз.

Овие луѓе имаат деца, гладни се, немаат пари да им дадат за ужинка на училиште.

Овде не видовме никој да каже како ќе се реши проблемот и ќе добиеме плата туку нивни партиски и политички препукувања“, рекоа од синдикатите.

Претседателот на синдикатот на ЈСП, Миќо Стојановски им се извини на граѓаните, но смета дека мора да биде решен проблемот.

Им се извинуваме на граѓаните, но ова мораше да се случи за еднаш засекогаш да го решиме проблемот со редовни плати во ЈСП“, изјави Стојановски.

Синдикалците од јавното претпријатие кои присуствуваа на вонредната седница на Советот на Град Скопје,

истакнаа дека советниците и градоначалничката си тераат политика, а не разговараат за нивниот проблем.

Related Articles