Се огласија од српското министерство за Правда за случајот со Палевски

 Breaking News

Се огласија од српското министерство за Правда за случајот со Палевски

Се огласија од српското министерство за Правда за случајот со Палевски
September 13
13:44 2019

Српското Министерство за правда нема информации за приведувањето на бизнисменот Љупчо Палевски – Палчо.

Министерството за правда на Република Србија нема сознанија за приведување на вакво лице, се наведува во кусото соопштение. Од српското Министерство за правда упатуваат на Министерството за внатрешни работи, но оттаму засега нема информации.

Скопје1 објави дека Палевски е приведен од српската полиција по потерница распишана од Република Хрватска и оти во моментов е во екстрадиционен притвор.

Неговиот адвокат Васко Стојков, за „360 степени“ изјавил дека во моментот на приведувањето, Палевски се подготвувал да отпатува за Москва, каде според него, требало да склучи бизнис зделка. Палевски своевремено живеел и работел во Хрватска и оти хрватските власти го бараат за долг на негова фирма од 2,5 илјади евра. Според адвокатот, Палевски никогаш не примил покана на адресата во Македонија за да се појави пред хрватските правосудни органи.

Коментари

Њуз24 се оградува од коментарите на содржините

Related Articles