Спремете се: Наскоро нови правила за добивање на германско државјанство

 Breaking News

Спремете се: Наскоро нови правила за добивање на германско државјанство

Спремете се: Наскоро нови правила за добивање на германско државјанство
January 07
19:37 2023

Тие кои што се од странство кои живеат во Германија повеќе нема да мора да се откажуваат од своите пасоши за да добијат германско државјанство,

а можат да аплицираат по само пет години престој во земјата според новите правила што ги подготви Министерството за внатрешни работи.

До нацрт-документот дојде германската новинска агенција ДПА.

Во коалицискиот договор, владата на социјалдемократскиот канцелар Олаф Шолц се согласи да воведе „современ закон за државјанство“ во 2021 година.

Други аспекти на реформата вклучуваат олеснување на барањата за германски јазик за одредени групи и укинување на тестот за државјанство за оние над 67 години.

Во моментов, странците мора да живеат во Германија до осум години пред да можат да аплицираат за државјанство.

Според споменатиот нацрт, намалениот период од пет години може дополнително да се скрати доколку кандидатите покажат дека се добро интегрирани,

на пример со извонреден успех на училиште или на работа, волонтерска работа или особено добри јазични вештини.

Децата родени во Германија чии родители се странци ќе можат да имаат двојно државјанство.

Промените се дел од широката реформа на миграциската и интеграциската политика на Германија,

спроведена од коалицијата на Социјалдемократите, Зелените и либералната Слободна демократска партија.

Неможноста да се задржи старото државјанство при добивањето на германското се смета за најголема пречка за зголемениот упис на странците,

кои подолго време живеат во Германија, во регистарот на германски државјани. ИзворПрес24.

Related Articles