Спасовски: Камерите во Скопје да се користат за прекршоци, секој ќе знае дека треба да си ја плати казната, ќе се избегнува човечкиот фактор

 Breaking News

November 09
08:08 2019

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во Само Интервју на телевизија Канал 5 откри за јавноста дека камерите поставени на крстосниците, до 2017 година го користела УБК за видео надзор, а не за казнување на сообраќајни прекршоци, пишува Прес24.

Стотиците камери низ градот Скопје воопшто не служат за санкционирање на несовесните возачи како што тврдеше поранешната власт, туку до 2017 година се употребуваа исклучиво од Управата за безбедност и контраразузнавање, а не од Јавната безбедност.

Потоа создадовме правна рамка, и сега системот е под контрола на Јавната безбедност, сепак тој систем треба да се надогради.

Мојата цел и заложба е да направиме сериозен систем, којшто ќе вклучува и камери за сообраќајни прекршоци, на тој начин ќе го избегнеме човечкиот фактор, селективноста, секој ќе знае дека треба да си ја плати казната – рече министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Извор Прес24.

Коментари

Њуз24 се оградува од коментарите на содржините

Related Articles