Со почетна цена од 12.7 милиони евра, Град Скопје ќе ја продава барокната градска куќа

 Breaking News

Со почетна цена од 12.7 милиони евра, Град Скопје ќе ја продава барокната градска куќа

Со почетна цена од 12.7 милиони евра, Град Скопје ќе ја продава барокната градска куќа
September 27
19:51 2019

Граѓаните не беа прашани дали сакаат барокна градска куќа на таа локација. Продажбата на градската куќа е по одлука на Совет на Град Скопје, како надлежен орган, на јавна електронска лицитација што ќе биде транспарентна.

Ова денеска го соопшти градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, одговарајќи на новинарско прашање.

Местото на седиштето на администрацијата на главниот град не е некаде фрлено на страна. Местото на седиштето на главниот град е во центарот на градот.

Тоа што некој немал визија, не се грижел, ниту знаел, ниту умеел да определува што се приоритети на Град Скопје во минатото е една од причините затоа што живееме во ваков град во каков што живееме во овој момент, рече Шилегов.

Негрижата за јавниот транспорт и за топловодната мрежа, дивеењето во урбанизмот, се причините поради кои овој Град е меѓу најзагадените градови.

Ако навистина знаеле што е приоритет на Град Скопје, немаше да ја фрлат градската куќа таму каде што е фрлена, рече Шилегов.

Тој рече дека работи по пределени стандарди што треба да важат за градската администрација.

Прашан зошто е ниска почетната цена на барокна градска куќа или 12,7 милиони евра, Шилегов рече дека почетната цена е толкава колку што Градот навистина потрошил.

Финансиските извештаи што ги направивме, финансиските извештаи што ги имаме укажуваат дека нето средствата што Градот ги потрошил во инвестицијата се толку колку што е почетната цена.

Не мислам дека е коректна информацијата за 20-тина милиони евра. Таа со ДДВ е околу 15 милиони евра, рече Шилегов.

На вчерашната 41. седница на Советот на Град Скопје, по предлог на градоначалникот Петре Шилегов се стави на гласање и се изгласа одлуката за продажба на барокната Градска куќа на кејот на реката Вардар.

Коментари

Њуз24 се оградува од коментарите на содржините

Related Articles